ФОТО+ВИДЕО | Убавина и гламур: Американка е новата Мис Универзум

Мис САД е новата Мис Универзум / 14 јануари 2023 / Фото: TIMOTHY A. CLARY / AFP / Profimedia

Р’Бони Габриел од САД е новата Мис Универзум, а блескавата круна ѝ ја предаде Харназ Санду од Индија, која победи на Мис Универзум во 2021 година, објави „Си-ен-ен“.

Аманда Дудамел од Венецуела беше избрана за прва придружничка, а Андреина Мартинез од Доминиканска Република стана втора придружничка.

Годинашното 71. издание на овој престижен избор за убавина се одржа во Њу Орлеанс, Луизијана, а за време на гламурозната вечер се претставија дури 84 убавици од различни држави ширум светот.

Мис Венецуела, Мис САД и Мис Доминиканска Република / Фото: TIMOTHY A. CLARY / AFP / Profimedia

Во моментот кога Габриел влезе во топ 5, водителот ѝ го постави прашањето: „Мис Универзум неодамна воведе промена. Од годинава, жени кои се во брак и жените кои имаат деца можат да учествуваат на натпреварот. Која промена би сакала да ја видиш ти и зошто?“

„Јас би сакала да видам зголемување на возрасната граница бидејќи јас имам 28 години. Тоа е најстарата возраст на која може една жена да се пријави на натпреварот. И сметам дека тоа е убава работа. Една од моите омилени мисли е: ‘Ако не сега, кога?’. Како жена, сметам дека возраста не треба да нѐ дефинира“, изјави Габриел.

Р’Бони Габриел од Хјустон, Тексас е 28-годишна модна дизајнерка и инструкторка за шиење, која во својата работа ги практикува нејзините еколошки навики и претпочита одржлива наспроти брза мода.

Повеќе на темата:

Претставничката на Украина како „Воинот на светлината“: Погледнете ги националните костими на Мис Универзум

Америка има нова мис: Убавицата со ангелско лице влезе во историјата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот