Фото: X / Kenya Wildlife Service

ФОТО+ВИДЕО | Семејство поминало 4 дена опкружено со диви животни: Автомобилот им се заглавил среде дивина во Кенија

Британско семејство преживеа кошмар во дивината на Кенија, откако нивниот автомобил се заглавил во кал и тие поминале четири дена опкружени со хиени, чакали и други диви животни.

Крис и Софи Ходер, како и нивните две мали деца, биле „заробени“ за време на сафари во националниот парк Цаво Исток, на дури 50 километри од планираната рута.

Семејството влегло во националниот парк на 5 април, попладнето, со намера да кампува две ноќи. Кога тие не се пријавиле кај властите, започнала итна спасувачка операција. Два авиони и хеликоптер, како и спасувачи во теренски возила, ги бараа изгубените туристи, пишува „Дејли мејл“.

Тие конечно биле лоцирани во понеделник наутро и пренесени на безбедно. Тие биле во добра здравствена состојба, а надлежните нагласуваат дека одлуката да останат во нивното возило била пресудна за нивниот опстанок.

На социјалните мрежи се објавени видеа и фотографии од заглавената „тојота“, опремена со покривен шатор во област каде живеат речиси 700 лавови.

„Имаа среќа што ги најдовме, бидејќи скршнаа од главната рута за патување. Оваа област е многу оддалечена и туристите обично не ја посетуваат“, беше објавено.

Останува нејасно зошто Крис и Софи веднаш не повикале помош кога се заглавиле во текот на викендот, но се верува дека проблемот бил недостатокот на сигнал од мобилниот телефон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот