Фото: i-Images / Eyevine / Profimedia

ФОТО+ВИДЕО | Се врати насмевката на Кејт Мидлтон: Принцезата блесна во елегантен фустан од само 19 евра

Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, по успешното лекување од рак постепено се враќа на своите кралски должности, а сега го посети и детскиот хоспис во Јужен Велс.

За оваа специјална посета таа го избра својот омилен фустан на „Зара“, кој чини неверојатни 16 фунти или 19 евра, а кој веќе го носеше во неколку наврати од 2020 година. Овој пат принцезата блесна во шик стајлинг – во прекрасен кариран фустан со голема панделка.

Таа ја надополни модната комбинација со елегантен капут од слонова коска по нарачка од дизајнерот Крис Кери. А изгледот го комплетираше со обетки „Спелс оф лав“ и чевли од нејзиниот омилен бренд „Расел енд Брумли“.

Посетата на оваа специјализирана установа во Јужен Велс не е случаен избор. Како принцеза од Велс, Кејт секогаш покажува посебна наклонетост кон овој регион и неговите луѓе. За време на посетата на хосписот, кој е прв од ваков вид во Велс, таа учествуваше на сесии за музикотерапија и комуницираше со децата и нивните семејства.

„Горда сум што сум покровител на ‘Тај Хафан’“, објави таа преку официјалниот профил на Кенсингтонската палата на Икс.

Инаку, специјализираната установа во Весл е отворена во 1999 година и обезбедува бесплатна грижа за децата и поддршка за нивните семејства.

Ова е втор јавен ангажман на Кејт оваа недела, откако таа присуствуваше на комеморацијата на Меѓународниот ден на сеќавањето на Холокаустот со принцот Вилијам во понеделник, 24 јануари. Блиски извори нагласуваат дека тоа е дел од нејзиното постепено враќање на обврските и дека распоредот на активности и се прилагодува од недела во недела.

Принцот Вилијам откри кој бил најужасниот подарок што ѝ го подарил на Кејт: „Таа никогаш не ми дозволи да го заборавам тоа“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот