ФОТО+ВИДЕО | Пресечен меѓународен канал за шверц на наркотици, запленета дрога во вредност од околу 350.000 евра

Запленета дрога
Фото: Министерство за внатрешни работи

Вчера во 20.00 часот на локален пат во селото Оровник, општина Дебрца, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал е лишен од слобода М.П. (38), државјанин на Р. Албанија, со што е пресечен меѓународен канал за шверц на марихуана од Р. Албанија во нашата држава.

Како што соопшти Сузана Прањиќ-Талевска, портпарол во Министерството за внатрешни работи, при извршен преглед во патничко возило „цитроен берлинго“, со албански национални ознаки, кое М.П. го управувал, во задниот дел од возилото биле пронајдени и одземени пет торби со 100 пакувања марихуана, во вкупна количина од околу 100 килограми, со вредност од околу 350 000 евра. Оваа заплена е резултат на повеќемесечно следење на активностите на неколку албански државјани на територијата на државата кои биле инволвирани во недозволена трговија со наркотици.

М.П. е приведен и задржан во Полициска станица Охрид за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до ОЈО Охрид според член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Фото: Министерство за внатрешни работи
Фото: Министерство за внатрешни работи
Фото: Министерство за внатрешни работи
Фото: Министерство за внатрешни работи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот