ФОТО+ВИДЕО | Го открија полот на детето: Таско и неговата сопруга ќе станат родители

Фото: Скриншот/Инстаграм/Борис Тасковски

Музичарот Христијан Тасковски – Таско и неговата сопруга Наташа ги следат светските трендови, па затоа направија забава на која го открија полот на нивното прво дете.

Со пукање балон со сина боја и машки патичиња, тие им споделија на најблиските дека очекуваат син.

Фото: Инстаграм/Борис Тасковски
Фото: Инстаграм/Борис Тасковски

Како потсетување, Таско и Наташа стапија во брак минатата година, а претходно беа во тригодишна врска.

Музичарот ја започна новата 2023 година со романтична фотографија на Инстаграм, на која позира со неговата сакана.

„Ви посакувам да најдете љубов. Ви посакувам да најдете мир. Ви посакувам да најдете хармонија. Ви посакувам повеќе здравје, и помалку секирации. Ви посакувам живот и убавини.

Ви посакувам среќна 2023 и сѐ што е лошо нека остане во претходната година, а сѐ што е добро да премине во новата и да се дуплира!

Да сме живи и здрави!“, напиша тогаш Таско.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tasko (@tasko.ur)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот