Лидерите на ЕУ/ Фото EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

ФОТО+ВИДЕО | Емотивно испраќање: Лидерите на ЕУ се збогуваа со Меркел

Лидерите на ЕУ собрани на самитот во Брисел со внатрешна церемонија се простија од Ангела Меркел, за која ова беше последен европски самит на позицијата германска канцеларка.

Ангела Меркел, за која ова беше 107 -ти самит на ЕУ, беше придружена со аплауз од највисоките претставници на земјите -членки и институциите на ЕУ, пренесува Ројтерс.

ЕУ без Меркел, како Рим без Ватикан или Париз без Ајфеловата кула

„Самитот на ЕУ без Ангела Меркел ќе биде како Рим без Ватикан или Париз без Ајфеловата кула“ – изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Претседателот на Европскиот совет и рече на Ангела Меркел дека ќе им недостасува нејзината мудрост, особено во сложени ситуации.

Ангела Меркел/ Фото EPA-EFE/OLIVIER HOSLET / POOL

Како посебни квалитети на германската канцеларка, Мишел ги спомена научното размислување, интелектуалната љубопитност, присебноста и едноставноста.

„Иако не оставаш, вашиот дух и искуство остануваат со нас“ – изјави Мишел.

Како симболичен подарок за збогум, германската канцеларка во заминување доби уметничка презентација на зградата „Европа“, каде се одржуваат состаноци на лидерите на ЕУ.

Меркел и Макрон/ Фото EPA-EFE/JOHN THYS / POOL

„Испи четири-пет ракии со нас“: Приказни од градчето од каде потекнува Меркел

Што ќе прави Меркел во нејзината пензија?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот