ФОТОГРАФИЈА КОЈА ЌЕ ВЕ РАСПЛАЧЕ: Дете фрла земја на погребот на својот татко

Фото: Фејсбук

Потресната фотографија на која се гледа како дете старо 17 месеци фрла земја на гробот на својот татко станала вирална во Велика Британија, како обид да се стави крај на насилството во таа земја.

Луис Бегшо (21) бил избоден до смрт во Шефилд во јули оваа година. Неговиот пријател Џордан Кисак на својот Фејсбук профил објавил фотографија од синот на Луис, Картер како става земја на сандакот на својот убиен татко.

Carter bagshaw ? I’ll keep hold of this picture for ever in memory of your daddy ?❤️

Publiée par Jordan Kissack sur Mercredi 18 septembre 2019

„Само мал совет за сите оние кои носат или користат ножеви или огнено оружје. Престанете!“, напишал Кисак покрај фотографијата.

„Размислете пред да употребите нож, или било што друго за да го одземете животот на некој. Почивај во мир, драг мој пријател. Твојот син Картер ќе го дознае секој детаљ за тебе и твојот живот“, напишал Кисал во емотивната објава на Фејсбук, простувајќи се од брутално убиениот пријател.

Мајката на Картер, Оливиа Кили рекла дека се надева дека оваа фотографија ќе премисли барем едно лице од употреба на нож или огнено оружје. Впечатливата фотографија досега на социјалните мрежи е споделена повеќе стотици пати.

Вдовицата на Луис вели дека нејзиниот сопруг бил исклучително грижлив татко.

За неговото убиство се обвинети Џервас Бенет и еден 16-годишник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот