
ФОТО | Запленета јахтата на поранешен шпион на КГБ, на која летуваа Џеј Ло и Бен Афлек
На поранешниот шпион на КГБ шпанската влада му ја заплени суперјахтата од 120 милиони фунти поради инвазијата на Украина. Така, во Барселона привремено е запленета јахтата „Валери“ во сопственост на Сергеј Чемезов, која минатото лето ја користеа познатиот актер Бен Афлек и пејачката Џенифер Лопез за романтично „бегство“.
Препорачано
„Денеска ја запленивме, техничкиот израз е привремено имобилизиравме, јахтата на еден од главните руски олигарси. Станува збор за јахта која се проценува дека вреди 140 милиони долари“, изјави шпанскиот премиер Педро Санчез, додавајќи дека ќе ги има „повеќе“, пренесува британски „Сан“.
Како што пишуваат странските медиуми, јахтата се наоѓа во Барселона од 9 февруари, каде била на поправка. Ќе остане конфискувана додека шпанските власти не ја потврдат нејзината сопственост и не утврдат дали е на списокот со санкции, изјави извор од шпанската влада.

Инаку, холивудската двојка го прослави 52-от роденден на Џенифер на таа јахта во Сен Тропе во јули минатата година, а сега луксузната јахта е запленета на неопределено време.
Имено, Џенифер и Бен поминаa неколку дена на суперјахтата. Кога станува збор за изнајмување на оваа јахта, цената е „само“ 1.100.000 долари за една недела. Папараците тогаш во неколку наврати ги фотографираа Џенифер и Бен како се бакнуваат и гушкаат на споменатата јахта која има 4 ката. А, и самата латино дива објавуваше фотографии од луксузниот одмор на јахтата.
View this post on Instagram
По незаборавната роденденска прослава во Сен Тропе на луксузна јахта, потоа во Монако, Џен и Бен заминаа на одмор во Италија.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Запад воведе санкции за руските олигарси по инвазијата на Украина, а нивната цел е да ја разнишаат економијата на Владимир Путин и со тоа да го принудат да ја запре инвазијата. Ова доведе до тоа голем број руски олигарси сега да го селат својот имот, вклучувајќи ги и јахтите.
Така, на пример, италијанските власти неодамна му ја конфискуваа јахтата вредна 450 милиони фунти во Трст на рускиот олигарх Андреј Игоревич Мељниченко, сопственик на најголемата јахта за едрење во светот. На списокот на санкционирани олигарси е и Роман Абрамович, сопственик на фудбалскиот клуб Челси, а неговиот имот е замрзнат, а бизнисот во Велика Британија му е блокиран. Неговата јахта деновиве е забележана во Црна Гора.
Запленета јахта на руски олигарх во Шпанија, вредна 140 милиони долари