Фото: Фејсбук/ Animal Defenders International

ФОТО+ВИДЕО | По пет години поминати во бетонска ќелија, најосамениот лав на светот пристигна во прифатилиште

Лавот Рубен, кој го нарекуваа „најосамениот лав на светот“, конечно пристигна во прифатилиште, по пет години поминати во напуштена зоолошка градина.

Рубен помина пет години во напуштена зоолошка градина во Ерменија, а сега конечно е слободен откако беше пренесен во прифатилиште во Јужна Африка, пишува „Њујорк пост“ (Nypost).

Од организацјата „Анимал дефендерс интернејшнал“ Animal Defenders International (ADI) изјавиле дека 15-годишниот Рубен е единственото преостанато животно во приватната зоолошка градина која се затвори пред пет години. Биле пронајдени домови за другите животни, но во ниту една од овие локации немало место за Рубен.

Поради ова, Рубен поминал пет години во бетонска ќелија, што негативно влијаело на неговата подвижност, поради неухранетост и недостаток од движење и вежбање.

„Лавовите се најсоцијалните големи мачки, тие живеат во семејства во дивината. Затоа на Рубен сигурно му било ужасно тешко да нема контакт и комуникација со други лавови”, рекол претседателот на „АДИ“ (ADI), Јан Кример.

Фото: Фејсбук/ Animal Defenders International

По пристигнувањето во август, Рубен моментално се навикнува на својот нов дом во природна средина и се опоравува од долгогодишната осаменост во зоолошката градина. Во прифатилиштето од 184 хектари живеат 32 спасени лавови и тигри.

Фото: Фејсбук/ Animal Defenders International

Лавот е прегледан од ветеринари во Преторија, а неговото ново живеалиште е опремено со рампи и огради за да му помогнат на лавот да остане активен на безбеден начин додека работи на враќање на подвижноста.

„Рубен почна да рика, неговиот утрински татнеж станува се погласен како што му се враќа самодовербата. Гледајќи го како шета по тревата за прв пат, слушајќи ги гласовите на неговиот вид со африканското сонце на грбот, ни дојдоа солзи на очите“, додава Кремер.

 

Фото: Фејсбук/ Animal Defenders International

Однесувањето на лавот е целосно променето откако пристигна во Јужна Африка и тој повеќе не чувствува страв.

„Неговата решителност да оди е инспиративна. Ако се сопне или падне, тој само се крева и продолжува. Тој е вистински херој, за само неколку дена неговото одење се подобри. Знаеме дека ова ќе биде долг пат и ќе биде потребен посебен ветеринарски третман, но почетокот на новиот живот на Рубен не можеше да биде подобар“, заклучи Кремер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот