ФОТО/ВИДЕО: Гранатиран центарот на Донецк, има жртви, беснее пожар по нападот

Фото: NEXTA TV / Твитер

Силен артилериски напад се случи вечерва во Донецк, главниот град на украинската област Донбас, која Русија ја смета за своја територија, јавија руските медиуми. Според локалните власти, нападот го извршила украинската војска, а во кусото и жестоко гранатирање има десетина загинати и повредени луѓе.

Оштетени се повеќе автомобили во центарот на градот, како и куќи, згради и други објекти. Локалните власти објавија фотографии на кои се гледаат последиците од нападот. Според руските медиуми, во Донецк по нападот избувнал и голем пожар, кој сѐ уште не е локализиран.

Фото: NEXTA TV / Твитер
Фото: NEXTA TV / Твитер
Фото: NEXTA TV / Твитер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот