
ФОТО | „Тирана на еден ден“: Каролина Гочева како божица во елегантен фустан на настап во Албанија
Каролина Гочева е една од нашите најуспешни поп-пејачки во регионот, која е синоним за убавина и елеганција. Пејачката тоа го докажа со своето последно модно издание со кое се пофали на социјалните мрежи.
Препорачано
Нашата пејачка периодов неуморно работи, па по одличните настапи пред македонската публика на почетокот на овој месец, таа објави дека се појавила на сцената на Националната опера и балет на Албанија.

Имено, Каролина сподели неколку фотографии од Тирана на кои изгледа како божица во елегантен, црн и тесен фустан на дизајнерката Јована Филиповиќ, кој ѝ ја истакна нејзината беспрекорна фигура. Целиот изглед го осмисли стилистката Јована Зука.
„Тирана на еден ден“, кратко напиша Каролина покрај фотографиите.

На дел од фотографиите таа е во друштво и на неколку македонски музичари меѓу кои и нејзиниот долгогодишен соработник Николче Мицевски.

Нејзините следбеници беа воодушевени од нејзиниот изглед, па доби бројни комплименти во коментарите.

ВИДЕО | Каролина Гочева го промовираше видеоспотот за новата песна „Дај на сунце“
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
2час
-
3час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5