Фото: Јутјуб / Принтскрин / Instagram / zdravko.colic

ФОТО | Таа му беше „сол на рана“, велеа од неа нема подобра во кревет: Здравко Чолиќ 40 години ја криеше вистината

Една од најгласните приказни кои своевремено ја следеа Дорис Драгојевиќ беше поврзана со Здравко Чолиќ. Во раните осумдесетти, речиси и да немаше маж на поранешните Jу простори кој не беше воодушевен од фаталната сплиќанка која ја беше доста популарна на музичка сцена.

Тогашната членка на групата „Море“ Доротеа Савиле не остави никого рамнодушен, особено по 1986 година, кога продолжи да настапува сама. Тогаш пошироката јавност ја знаеше како Дорис Драгојевиќ, но и покрај нејзината огромна популарност, малку се знаеше за нејзиниот живот.

Сепак, тоа не ја спречи јавноста да раскажува приказни за убавата пејачка. За нејзиниот живот кружеа разни гласини, особено за емотивниот, но таа никогаш не ги негираше, напротив се чинеше дека ужива во нив. Прашината се спушти кога во 1990 година се омажи за ватерполистот Марио Будимир.

Еден од познатите ликови од белградскиот асвалт, Небојша Тубиќ Жабац, во една прилика изјавил дека негов добрар пријател буквално „одлепил“ за Досрис.

„Кога тој конечно спиеше со неа, ми кажа дека тоа бил најдобриот секс во неговиот живот! Беше целосно маѓепсан од таа жена. Ми кажа дека таа не е обична, туку дека е врв на врвот,“, изјавил Жабац.

Интересно е што долго време се сметаше дека Дорис „имала нешто“ и со еден од најголемите заводници на Балканот, Здравко Чолиќ. Се шпекулираше дека е „ сол на рана на Чолиќ“, дека тој „лудувал по неа“, дека „биле во шема“ …

Но, за волја на вистината, тој во тоа време бил поврзуван со секоја жена што поминувала покрај него. Меѓутоа, кога занесната сплиќанка се појави во спотот за неговата песна „Ти можеш све ал једно не“ енергијата и страста меѓу нив биле повеќе од очигледни, поради што многумина мислеа дека „каде што има чад, има оган“.

Дорис и Здравко дури застанаа еден до друг на снимањето на хитот „За милион години“, што дополнително ги подгреа гласините.

Интересно е што Чолиќ со децении ја криеше вистината за нивната врска. Дури многу години подоцна тој објасни за што всушност се работи. Здравко призна дека флертувал со Дорис.

– Тоа беше емисијата „Ти си во мојата крв“ што ја снимавме во Нови Сад. Кога се запознавме на загрепската телевизија, Дорис на шега ми рече: „Јас сум Рушка, се сеќаваш? Имено, таа беше Рушка во истоимениот спот.  Беше многу згодна, флертувавме малку, ми беше слатко. Жал ми е што се изгуби најголемиот дел од тој материјал“, изјави Здравко во една прилика за „Вечерње новости“.

Со оваа изјава  легендарниот пејач, стави крај на приказните дека меѓу нив имало нешто повеќе од минлив флерт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот