Планетата Марс / Фото: 24K-Production / Alamy / Profimedia

ФОТО | Светлина на Марс: Роверот на НАСА ја откри првата аурора на Црвената планета видлива за човечкото око

Роверот „Персеверанс“, во сопственост на НАСА, ја откри првата аурора на Марс видлива за човечкото око, која е зелена по боја и е создадена од сончева бура од минатата година, објавија научниците.

Претходните аурори забележани на Марс се појавувале само во ултравиолетовиот спектар, но оваа била во видливата бранова должина, како резултат на сончевата бура во март 2024 година, по која следело исфрлање на коронална маса плазма од Сонцето насочена кон Марс.

„Овие најнови набљудувања покажуваат дека предвидувањето на северната и јужната светлина сега е можно на Марс, овозможувајќи им на научниците да го проучуваат вселенското време“, рекла Елис Рајт Кнутсен од Универзитетот во Осло.

Ова е првпат аурора да биде забележана од површината на друга планета, освен Земјата, додека претходните набљудувања беа направени од орбитата, објавува „АП“.

Лансирана во 2020 година, оваа сонда го истражува кратерот Језеро на Марс од 2021 година, собирајќи примероци од прашина и карпи за евентуално враќање на Земјата.

Овој дел од Марс сега е сув, но се смета дека претходно содржел езеро и речна делта, а може да содржи и докази за древен микробен живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот