
ФОТО | Скандалозната убавица во затвор во Дубаи: Почнала штрајк со глад, протекоа шокантни фотографии
Раван бин Хусеин е позната инфлуенсерка која во моментот се наоѓа во затвор, а нејзините најнови фотографии го шокираа целиот свет.
Препорачано
View this post on Instagram
Кувајската инфлуенсерка Раван бин Хусеин се наоѓа во затвор во Дубаи. Таа е приведена за неколку прекршоци, како што се јавно пијанство, напад врз полицаец и предизвикување нарушување на јавниот ред и мир.
Најпрво, таа добила казна од шест месеци затвор и околу 4.600 евра, но казната ѝ беше продолжена поради нападот врз чуварот во затворот.
View this post on Instagram
Повеќе од седум милиони луѓе ја следат на Инстаграм, а нејзините најнови фотографии привлекоа големо внимание.
Во тој период, Раван одлучи да започне штрајк со глад, а на Инстаграм нејзините обожаватели инсистираат властите да попуштат кон неа.
Сепак, ништо од ова не е изненадување бидејќи Раван долго време е во проблеми со законот. По разводот, таа беше обвинета за следење на нејзиниот поранешен сопруг, малтретирање и физички напад, а пред две години беше депортирана од Багдад поради конфликт на аеродромот.
И покрај сето тоа, таа сè уште има армија обожаватели на социјалните мрежи, ја следат повеќе од 7,4 милиони луѓе.
Инаку, Раван е адвокат. Дипломирала на универзитет во Лондон, а е исто така многу ценета поради нејзината убавина, толку многу што „Вог“ ја нарече „Брук Шилдс од Кувајт“ во 2016 година.
Наместо да ужива во гламурот и популарноста, Раван сè расипа со скандали и денес себеси се донесе до непрепознатливост.