фото: социјални мрежи

ФОТО | Синот на Билал Касами ќе игра за албанската фудбалска репрезентација, таткото е пресреќен

Актуелниот градоначалник на Тетово и кандидат за нов мандат од коалицијата Вреди, Билал Касами, преку објава на социјалната мрежа Фејсбук сподели радосна вест поврзана со неговото семејство.

„На врвот на кампањата, најубавата вест која неизмерно ме воодушеви дојде од Тирана. Мојот син, Љавдрим, доби покана од албанската фудбалска репрезентација У19 за два пријателски натпревари против Ирска. Ви благодарам!“, напиша Касами.

Со ова, тој изрази гордост за успехот на својот син, кој добил шанса да го облече дресот на младинската репрезентација на Албанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот