ФОТО | Северина на трауматологија: Пејачката ги покажа повредите кои ѝ ги нанела нејзината сестра

Северина како Саломе / Фото: Инстаграм - Северина

Загрепската полиција во вторникот околу пладне во Загреб ја уапси пејачката Северина Вучковиќ. Како што дознава „Јутарњи лист“, причината за приведувањето била жестоката караница и тепачка во домот на мајката на пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)


Физичката пресметка и караницата се одвивала меѓу Северина со сестра ѝ Маријана. Според пријавата на сестра ѝ, Северина ѝ се нафрлила пред очите на нивната мајка во еден часот по полноќ, при што жестоко се бореле и удирале по целиот стан. По тепачката, Северина заминала од станот, а Маријана се упатила во болница, каде што ѝ била укажана лекарска помош за лесни повреди.

Северина била приведена на загрепскиот аеродром, 12 часа по инцидентот, потврди нејзиниот адвокат Мате Матиќ. Полицијата не ја задржала долго Северина, која, според Матиќ, исто така има повреди.

Денес, на хрватските медиуми осамнаа фотографии од Северина на кои се гледаат повреди по нејзините раце и на главата. Покрај повредите уништен е и мобиниот телефон на пејачката.

Нејзиниот адвокат Мате Матиќ за споменатите медиуми го потврдил апсењето на поп-ѕвездата, само рече дека Северина во меѓувреме е ослободена и дека постапката ќе се одвива по редовен пат бидејќи „нема потреба од сета таа процедура која повлекува други работи. како претреси по дома како да е најголемиот дотичниот криминалец“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)


Поради нанесените повреди и стрес, адвокатот истакнал дека пејачката морала да побара медицинска помош.

„Северина беше на распит во Јавното обвинителство во Загреб поради пријавата на нејзината сестра Маријана Поповиќ. ПУ Загребачка постапила по барање на сплитската полиција. Однесувањето на полицајците во Загреб било професионално и коректно. Според описот на Северина за настанот, физички повреди на Северина и нанела Маријана Поповиќ, а не обратно. Ги скинала ланчињата од вратот и и го скршила мобилниот телефон. После тоа, полицајците решија да ја однесат Северина на лекарски преглед и отидовме на Клиниката за трауматологија во Драшковиќево. За ова има материјални докази, медицинска документација и сведоци. Очекуваме дека против Маријана Поповиќ ќе биде покрената постапка врз основа на кривичната пријава на Северина“, изјавил адвокатот на Северина за Јутарњи.хр.

Фотографиите на кои се гледаат повредите може да ги погледнете ОВДЕ.

Скандал во Хрватска: Северина е уапсена во Загреб, се степала со сестра ѝ во станот на нивната мајка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот