
ФОТО | Сепак се разведуваат: Шок во кралското семејство
За нивната спектакуларна венчавка пред две години се зборуваше со денови, а неодамна пристигна веста дека надвојводата Александар од Австрија и грофицата Наташа Румјанцев Пацкевич се разведуваат.
Препорачано
Веста ја пренесоа бројни светски медиуми, но се уште не е објавено зошто синот на надвојводата Карл-Кристијанин од Австрија и принцезата Марија Астрид од Луксембург и руската грофица Наташа, ќерка на грофот Нилолас Пјер Румјанцев-Патчевич и грофицата Мари Румјанцев-Патчеви решиле да се разделат.
Извор близок до парот откри дека тие се разделиле кон крајот на 2024 година, а бракот официјално завршил неодамна.
Како што пишува „Дејли Мејл“, грофицата се претставила под нејзиното моминско презиме на неодамнешниот гала настан кој го организирала со нејзината компанија.
Have Europe’s hottest couple called it quits? High society reeling as Archduke Alexander of Austria and Countess Natacha Roumiantzoff-Pachkevitch ‘split’ a year after their wedding attended by royals https://t.co/k1Ng4j1caL
— Daily Mail Online (@MailOnline) April 23, 2025
Уште еден доказ за пропаѓањето на бракот е нејзиното отсуство на погребот на австриската надвојвотка Естел, која почина на 45-годишна возраст. Ниту Александар, ниту Наташа засега немаат дадено официјални изјави.
Инаку, по раскошната свадбена церемонија одржана во Белгија, Наташа (33) го опиша Александар (34) како „мажот од нејзините соништа“.
Наташа моментално живее во Женева, каде што се грижи за свадби, корпоративни настани и годишнини.
Надвојводата Александар е правнук на Карло I, последниот хабсбуршки император на Австрија и крал на Унгарија.