
ФОТО | Секси и елегантна: Амал Клуни блесна во ултра гламурозно издание покрај својот сопруг Џорџ Клуни
Сите очи беа вперени во Амал Клуни синоќа кога се појави на отворањето на Филмскиот фестивал во Њујорк. На гламурозната премиера на филмот Џеј Кели, адвокатката и хуманитарка прошета по црвениот тепих во комбинација која веднаш го привлече вниманието на фотографите и модните критичари. Амал е позната по своето беспрекорно чувство за стил, но овој пат отиде чекор понатаму и избра комбинација која комбинира сè – луксуз, драма и романтична разиграност.
Препорачано
View this post on Instagram
Амал Клуни, уште еднаш докажа зошто светската модна публика ја сака. На отворањето на Филмскиот фестивал во Њујорк, таа ги надмина сите присутни појавувајќи се во смела, романтична и елегантна комбинација.
Станува збор за минијатурна креација без прерамки во интензивна нијанса на црвена боја, чиј кадифен горен дел донесе доза на софистицираност. Вистинската модна драма беше скриена во долниот дел од комбинацијата, која имаше луксузни тродимензионални цвеќиња.
View this post on Instagram
Станува збор за модел на модната куќа Оскар де ла Рента, дел од колекцијата есен/зима 2025. Фустанот, кој се продава по цена од дури 12.590 долари во луксузни онлајн продавници како што е Saks Fifth Avenue, веднаш стана тема на модни дискусии и доказ дека Амал знае како да избере парчиња кои не остануваат незабележани.
Целото издание беше дополнително воздигнато со изборот на чевли. Амал избра елегантни чевли од Gianvito Rossi, чиј горен дел е направен од транспарентен ПВЦ, додека прстите и потпетиците се во сјајна златна боја.
Овој модел на чевли совршено се вклопуваше со гламурозниот фустан, давајќи му на целиот изглед модерен финиш. Таа носеше мала кадифена чанта во раката која дополнително ја нагласуваше монохроматската палета на изданието.
Во придружба на нејзиниот сопруг, 64-годишниот актер Џорџ Клуни, кој избра класичен темен костум, Амал уште еднаш го потврди својот статус на жена која не само што доминира во правните и хуманитарните области, туку и на црвените теписи низ целиот свет.