Фото: Инстаграм/„Скимс“

ФОТО | Саманта би се гордеела: Ким Катрал во провокативно издание за брендот на Ким Кардашијан

Актерката Ким Катрал е едно од заштитните лица на новата модна кампања на брендот „Скимс“ на ријалити ѕвездата Ким Кардашијан.

Со овој моден едиторијал, 67-годишната актерка покажа дека сѐ уште изгледа одлично.

Фото: Инстаграм/„Скимс“

Поранешната ѕвезда на серијата „Sex and the City“, која доживеа светска слава со ликот Саманта Џоунс, позираше пред објективот на Ванеса Бикрофт и ја покажа фантастичната линија во неколку бодија и фустани од новата колекција на „Скимс“, искомбинирани со црни високи потпетици.

Цените на овие парчиња се движат од 60 до 80 долари.

Фото: Инстаграм/„Скимс“

Нејзиниот изглед на фотографиите е, пред сѐ, природен, дополнет со нежна шминка и лежерна, брановидна фризура.

Покрај Катрал, во кампањата учествуваат и пејачката Нели Фуртадо, актерката Хари Неф, пејачката Коко Џонс и актерката Лана Кондор.

Фото: Инстаграм/„Скимс“

Реакциите на следбениците на брендот на Инстаграм се многу позитивни, а на многумина најголем впечаток им остави токму Ким Катрал.

„Ова е совршено“, „Одлуката да ја вклучите Ким во кампањата е одличен чекор“, „Ким е икона. Секогаш била и ќе биде прекрасна“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/„Скимс“

ФОТО | Се враќа еден од омилените ликови од „Sex and the City“, обожавателите се пресреќни

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот