
ФОТО | Род Стјуарт стана дедо! Синот и хрватската снаа на пејачот добија ќерка, нејзиното име има посебно значење
Синот на Род Стјуарт, Лијам Стјуарт и неговата сопруга Никол Артукович Стјуарт која е со хрватско потекло, го добија своето второ дете, ќерката Елси Скајлер.
Препорачано
Никол ја сподели радосната вест на својот инстаграм-профил со фотографија на која позира со Лијам, нивната ќерка и синот Луи.
„Елси Скајлер Стјуарт. Нашиот сладок грашок е роден на 2 март 2025 година“, напиша таа покрај фотографијата.
View this post on Instagram
Никол и Лијам, како што пренесуваат медиумите, девојчето го крстиле во спомен на нејзината внука Скајлер, која почина набргу по раскошната венчавка на Никол и Лијам во Дубровник на 16-годишна возраст. Артукович потоа со емотивна порака се прости од нејзината внука.
„Моето слатко, слатко девојче, моето срце е скршено. Еден дел од мене утрово отиде во рајот. Луѓето секогаш велат дека не можеш да сакаш никого повеќе од сопственото дете, но Скајлар, ме имаше од првиот ден. Твојата убавина, твојата љубезна душа, твоето срце… Беше премногу слатка за овој свет. Те сакам многу. Летај високо, ангелу мој“, напишала таа тогаш.
Да потсетиме, Лијам и Никол се верија минатата година, а се венчаа на крајот на мај во Дубровник. Хрватскиот град потоа го посетиле легендарниот Род, како и неговата сопруга Пени Ланкастер и поранешната сопруга Рејчел Хантер.
ВИДЕО | Славниот рокер се фати за лопата: Моето Ферари не може да помине низ овие дупки!