Сами Шин / Фото: Инстаграм/Сами Шин

ФОТО | „Разлика од седум години“: Ќерката на Чарли Шин покажа како изгледала пред сите естетски зафати

Ќерката на Чарли Шин и Дениз Ричардс, Сами Шин, покажа како изгледала пред сите естетски зафати на кои се подложила.

На својата приказна на Инстаграм, таа објави споредбена фотографија, една стара и една нова, и ги откри операциите што ги направила.

„Разлика од седум години. Фала му на Бога за екстензиите за коса, филерите за усни, зголемувањето на градите, операцијата на носот, забните винири е и филтерот ‘kiss 2’ на ФејсАп“, напиша таа, алудирајќи на популарниот филтер во апликацијата за уредување фотографии.

Фото: Скриншот/Инстаграм

По објавата „пред и потоа“, еден следбеник ѝ порача дека таквите фотографии ги поттикнуваат луѓето да се подложат на пластична хирургија. Сами реши да одговори на критиката, велејќи дека само сакала да биде искрена.

„Мојата единствена цел со таа објава беше да бидам транспарентна за тоа што имам направено, затоа што луѓето постојано ме прашуваат, а последното нешто што го сакам е да лажам. Никогаш немам намера да промовирам пластична хирургија. Мислам дека природните тела се толку, толку убави“, напиша таа.

Сами и претходно оваа година зборуваше отворено за своите естетски зафати, откако доби бројни негативни коментари поради признанието дека направила операција на носот.

„Очигледно многумина ги разлутив со тоа, па решив да ги разбеснам уште повеќе и да ви кажам на кои сè зафати сум била“, рече во видео објавено на ТикТок.

Фото: Инстаграм/Сами Шин

Таа откри дека првпат ставила филери во усните на 18 години и дека секоја година оди на „освежување“. Имала и ботокс, но не ѝ се допаднал.

„Ставив ботокс во челото и го мразев. Всушност, го ставив за да ми се подигнат веѓите, но направи спротивно. Ми го спушти целото лице. Изгледаше ужасно, па го оставив природно да се раствори и никогаш повеќе не го ставив“, изјави таа.

Сами откри дека двапати правела ринопластика, а претходно пробала и филери во носот, што не ѝ се допаднало.

„Го направив тоа на врвот и на коренот од носот за да изгледа порамно и повисоко“, објасни.

Фото: Инстаграм/Сами Шин

Призна и дека направила зголемување на градите.

„Конечно се спуштија и се наместија. Чувствувам дека можев да направам поголеми и навистина би сакала да се поголеми. Кога ќе дојде време да ги преправам, сигурно ќе направам поголеми. Веројатно ќе ги ставам над мускулот, за да изгледаат поприродно“, откри младата ѕвезда.

Сами призна дека најнепријатен зафат ѝ бил оној со забните винири.

„Тоа беше најлошото нешто што сум го направила. Добрата страна е што нема да морам да ги поправам следните 20 години. Се надевам дека ќе траат толку долго, затоа што не сакам никогаш повторно да го поминам тоа“, раскажа таа.

Ќерката на познатиот актерски пар претходно откри и зошто решила да оди на естетски зафати.

„Средното училиште беше навистина тешко. Мораше да се соочувам со деца што ме малтретираа. Луѓето ми велеа дека изгледам како тато“, изјави Сами.

ВИДЕО+ФОТО | Ќерката на Денис Ричардс и Чарли Шин со вознемирувачко обвинение: Животот во куќата на мајка ѝ бил пекол

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот