ФОТО | Прва скулптура во светот која ги слави жените кои носат хиџаб

Фото: Инстаграм/BBC News

Новата скулптура, за која се верува дека е прва од ваков вид во светот, е дизајнирана да ги слави жените кои носат хиџаб.

Уметничкото дело, наречено „Силата на хиџаб“, е дизајнирано од Лук Пери и ќе биде инсталирано во областа Сметвик во Западен Мидлендс во октомври, пишува „Би-би-си“ (BBC).

Се верува дека тоа е првата скулптура на жена која носи традиционална муслиманска покривка за глава. Скулптурата е висока пет метри и тежи околу еден тон.

Фото: Инстаграм/BBC News

„’Силата на хиџабот’ е парче што ги претставува жените од исламска вероисповед кои носат хиџаб и оваа скулптура е направена бидејќи хиџабот е недоволно застапен дел од нашата заедница, но сепак толку важен“, изјавил дизајнерот на скулптурата Лук Пери.

Иако г-дин Пери признал дека новата скулптура може да биде „контроверзна“, тој изјавил дека е важно да се претставуваат сите што живеат во Обединетото Кралство.

Фото: Инстаграм/BBC News

„Постои можност ова парче да биде контроверзно од многу различни причини. Не чувствувам дека ниту една од нив е валидна, но има многу луѓе кои се противат на разликите што ги имаме во нашите заедници и би сакале да бидат поделени.

Но, иднината на нашата земја е она што не обединува, а не она што нѐ разделува, затоа е важно да имаме застапеност низ целото ОК, на сите што живеат овде“, вели Лук Пери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот