ФОТО: Протести во Бејрут поради прекинатата истрага за експлозијата во 2020 година

Протести во Бејрут поради прекинатата истрага за експлозијата во 2020 година / Фото: EPA-EFE/NABIL MOUNZER

Стотици Либанци, главно роднини на луѓе кои загинаа во експлозијата во пристаништето во Бејрут, денеска протестираа против „замрзнувањето” на истрагата.

Протести во Бејрут / Фото: EPA-EFE/NABIL MOUNZER

Како што пренесуваат странскит агенции, Тарек Битар, судијата што ја води истрагата за најсмртоносна катастрофа во Либан во период на мирно време, ја прекина својата работа во понеделникот поради пречките што ги поставуваат политичарите.

Демонстрантите се собраа пред судот во Бејрут под строг полициски надзор и поставија голем транспарент на кој пишуваше: „Нема да не убиете двапати”.

Протести во Бејрут / Фото: EPA-EFE/NABIL MOUNZER

И претходникот на Битар, Фади Саван, беше отстранет од истрагата претходно оваа година, откако испрати покани до поранешните министри и влијателни луѓе во врска со експлозијата.

„Ние страдаме 13 месеци поради мешање на политичарите во истрагата”, рече Рима ал Захид, чиј брат, кој беше вработен во пристаништето, загина во експлозијата.

Протести во Бејрут / Фото: EPA-EFE/NABIL MOUNZER

На 4 август 2020 година, во две експлозии по ред во Бејрут загинаа 215 луѓе, а илјадници беа повредени. Експлозијата целосно уништи поголем дел од пристаништето и околните населби. Трагедијата беше предизвикана од голема пратка амониум нитрат, која беше складирана во пристаништето без да се почитуваат безбедносните мерки.

Протести во Бејрут / Фото: EPA-EFE/NABIL MOUNZER

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот