Фото: Пропадна булеварот „Кузман Јосифовски – Питу“, асфалтот се стопи како путер за 8 месеци по реконструкција

Фото: Соња Кириџиевска

Буџетот за реализација на реконструкцијата чинеше 17 милиони денари. На постапката на јавна набавка учествувале 11 компании, со што се постигнала заштеда на градскиот буџет од над 40 отсто, која ќе била искористена за реализација на друг проект, рекоа од Град Скопје

По само 8 месеци од помпезно завршената реконструкција на булеварот „Кузман Јосифовски – Питу“, од Железничката станица до Народна банка, голема дупка може да се забележи на коловозот. Минатата недела некој умен ја „украси“ со цвеќиња за да може да биде забележлива од подалеку, но ако набргу не се санира, таа секојдневно ќе пропаѓа сè повеќе, па некое возило ќе заглави со тркалата.

Одблиску може да се забележи дека дупката е длабока и дека оздола под асфалтот е празно. Граѓаните се зачудени од квалитетот на поправката и се шегуваат дека на путерот му е потребно повеќе време да се растопи!

Кога лани во декември беше пуштен во употреба, од Град Скопје се пофалија дека булеварот ги исполнувал сите светски стандарди. Буџетот за реализација на реконструкцијата чинеше 17 милиони денари. На постапката на јавна набавка учествувале 11 компании, со што се постигнала заштеда на градскиот буџет од над 40 отсто, која ќе била искористена за реализација на друг проект.
И самата реконструкција на булеварот која траеше со месеци ги стресираше граѓаните, кои се наголтаа прав измешана со ПМ-честички, бидејќи и на тротоарите беше невозможно да се оди пеш или да се вози велосипед, бидејќи возилата се движеа по раскопаниот асфалт.

– По барање на граѓаните, Град Скопје инвестира во подобрување на инфраструктурата на сообраќајниците за да се подобри безбедноста и сигурноста за сите учесници во сообраќајот – рекоа од Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот