ФОТО | Портрет на Кејт Мидлтон ја шокираше јавноста: Сите велат дека принцезата не личи на себе

Кејт Мидлтон / Фото: EPA

Не помина долго време откако новиот портрет на кралот Чарлс беше покажане пред јавноста, а веќе е откриен уште еден портрет на една од омилените на британското кралско семејство, кој предизвика негативни реакции.

Имено, магазинот „Татлер“ објави насловна страница со портрет на принцезата Кејт Мидлтон за да ѝ „оддаде почит на нејзината храброст“, два месеци откако таа во видео објави дека боледува од рак. На портретот е прикажан нејзиниот прв државен банкет за време на владеењето на кралот Чарлс.

Портретот го насликала британско-замбиската сликарка Хана Узор, која користела различни фотографии од принцезата за инспирација. Покрај портретите на принцезата, списанието објави и портрети на покојната кралица Елизабета Втора и кралот Чарлс.

„Насловната го комплетира кралскиот триптих со нов портрет“, наведе магазинот.

Фото: Instagram / tatlermagazine / akojegallery

Сепак, многумина не беа воодушевени од портретот на саканата принцеза, па под портретот се нижеа бројни негативни коментари.

„Значи се шегувате? Па, таа воопшто не изгледа така!“; „Ова изгледа како дете да го нацртало“; „Кој ти направил толку страшен портрет?“; „Ајде, ова е страшно! Не, извинете, добро е за седумгодишно дете!“; „Каков страшен портрет на толку убава жена“, биле дел од коментарите.

Кетрин е пред Вилијам по популарност: Омразениот принц Ендру на последното место

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот