ФОТО | По пет дена пронајдена отровна змија во Холандија која му побегнала на сопственикот

Фото: Профимедиа

Во петокот во холандскиот град Тилбург е пронајдена многу отровна зелена мамба за која се сметало дека побегнала од домот на својот сопственик.

Потрагата по змијата трае од понеделникот кога сопственикот на змијата ја известил полицијата дека една од змиите ја нема.

Полицијата објави фотографија од опасната зелена мамба долга два метри и ги предупреди жителите да останат внатре и во никој случај да не се обидуваат да ја фатат змијата.

Судбината на змијата беше национална вест во Холандија иако во исто време во Холандија се одржуваа историски избори.

Властите со денови со помош на кучиња и експерти за змии неуспешно се обидувале да го пронајдат животното, за во петокот да сфатат дека мамбата се сокрила зад ѕид од гипс.

Змијата била „внимателна и активна“, вели биологот Фрик Вонк, кој помогнал во потрагата. Имаше доволно вода и е во многу добра здравствена состојба“.

И покрај уверувањата од полицијата дека ладнокрвната змија веројатно нема да излезе во студениот зимски воздух, многу жители останаа будни во текот на целиот период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот