Ушгули, Грузија / Фото: Pexels / Wikimedia commons

ФОТО | Ова е највисокото село во Европа: Место каде што луѓето живеат отсечени од светот шест месеци во годината

Откако УНЕСКО го стави ова село под своја заштита, Ушгули во последните години стана сè поинтересна туристичка атракција.

Ушгули е највисокото постојано населено село во Европа. Се наоѓа во покраината Сванети на северозапад од Грузија, на надморска височина од 2.100 метри, пишува „Пункуфер“.

Фото: pexels-alexandra-katl

Животот во подножјето на планината Шхара, која е дел од Кавказ, се одвива без прекин околу 2.000 години, но тоа не е лесно. Сванети е едно од најизолираните места во оваа европска земја, со лоша патна инфраструктура, а таму паѓа снег шест месеци во годината.

Фото: Wikimedia commons

Поради зимските услови, речиси е невозможно да се стигне до жителите на Ушгули половина година. Во селото живеат околу 70 семејства, или околу 250 луѓе. Тие се горди и сериозни жители кои го зборуваат сванскиот јазик и главно се занимаваат со сточарство.

Селото има етнографски музеј, а посетителите во близина можат да ја посетат капелата Ламарија од 12 век, полна со прекрасни фрески.

Фото: Wikimedia commons
Фото: pexels-arthousestudio

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот