Фото: Фејсбук

ФОТО | Општина Центар со протестна нота до австриската амбасада – дипломатско возило блокирало тротоар во Капиштец

Од Општина Центар информираат дека до Амбасадата на Република Австрија во земјава испратиле протестна нота потпишана од градоначалникот Горан Герасимовски поради тоа што нивен автомобил со дипломатски таблички бил непрописно паркиран и блокирал пешачка зона во Капиштец.

„Општина Центар упатува најостар протест поради непрописното паркирање на дипломатско возило на австриската амбасада со регистарски таблици 22-CMD-01, кое на 8 октомври 2025 година (среда) било паркирано во пешачка зона во паркот во населбата Капиштец, во близина на улицата Народен фронт, наспроти угостителскиот објект „Интермецо“, се вели во протестната нота.

Фото: Фејсбук

Оттаму додадоа дека и покрај дипломатскиот статус на возилата, почитувањето на локалните прописи и правилата за јавен ред и безбедност е основен принцип што важи за сите, вклучително и за дипломатските претставништва во Македонија и побара од Министерството за надворешни работи да ја извести Амбасадата на Република Австрија и да преземе соодветни дипломатски мерки за спречување на вакви случаи во иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот