ФОТО: Неколку илјади работници во Њујорк протестираат против задолжителната вакцинација

Протест во Њујорк против задолжителна вакцинација / Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Илјадници работници во Њујорк, претежно пожарникари, протестираа на Бруклинскиот мост против задолжителната вакцинација, што ја најавија градските власти минатата недела.

„Дали нè прашувате дали сте вакцинирани кога нè повикувате на помош?”, „Вчера неопходни, денеска невработени”, пишуваше на транспарентите што ги носеа луѓето.

Њујорк, 2021 / Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Сите градски работници беа поканети да прошетаат по Бруклинскиот мост до Градското собрание, но пожарникарите беа најбројни, препознатливи во маичките на нивните станици, а некои ги носеа имињата на колегите убиени во нападите на 11 септември 2001 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот