
ФОТО: Некогаш еден од најмоќните луѓе во Холивуд, сега затвореник кој пропаѓа – Прва слика на Бил Козби од затворот
Познатиот комичар Бил Козби (83) беше еден од најмоќните луѓе во Холивуд, а потоа во 2018 година заглави зад решетките во Филаделфија, поради пресудата за силување на една жена во 2004 година.
Препорачано
Имено, американскиот комичар е осуден бидејќи пред 16 години во својот дом ја дрогирал и силувал Андреа Констанд. Потоа се појавија обвинувања од речиси 60 жени, но тие случаеви не добија расплет на судот и беа прогласени за застарени.

Козби до крајот на судењето тврдеше дека е сигурен дека неговото однесување не било силување, иако признал дека на жените им давал лекови за смирување за „малку да ги опушти“.
– Сакав само да и биде пријатно и полесно да заспие по нашето страсно љубење, изјави Козби на судењето.
Пред судијата потврди дека и давал лекови, но се бранел со тоа дека таа му рекла дека е под стрес. Средбата ја опиша како непреијатна, а тврди дека таа била сексуално задоволена и дека до сексот не дошло додека таа спиела.

– Не сакаше да престанеме, изјави Козби, додека Андреа тврдеше дека не ни знаела што и се случува бидејќи била под лекови, а подоцна и се онесвестила.
– Ме силуваше додека бев во несвесна состојба, истакна поранешната кошаркарка.
Сега во американските медиуми се појави неговата прва фотографија по полни две години во затвор. На неа се гледа дека поранешниот актер има неуредна коса и не е избричен, гледа во подот и се смешка, додека околу вратот носи заштитна маска.

Причината за смешкањето може да биде и фактот дека наскоро би требало да излезе на условна слобода, откако ја отслужи казната во траење од две години. Но тоа не е единствената причина поради која Бил има насмевка на лицето.
Имено, тој успеал да се избори и за тоа да поднесе жалба на својата пресуда, и тоа во Врховниот суд во Пенсилванија. Судот се сложил да преиспита два аспекти од неговиот случај вклучувајќи ја и одлуката на судијата тужителот да повика уште пет сведоци кои зборувале за далечните средби со некогаш моќниот актер.

Судијата тогаш дозволил пет наводни жртви на Козби да сведочат. Меѓу кои и Хајди Томас, која на судот му кажала дека тој и дал вино од кое четири дена не можела да се опорави во 1984-та година. Поранешната манекенка Џенис Дикинсон наведе дека Козби ја дрогирал и силувал во 1982-та година во хотел, кога таа имала 27 години.
Да се потсетиме, Американската академија на филмски уметности во мај 2018 година го исфрли Козби и режисерот Роман Полански, бидејќи ги прекршиле кодексите на однесување на академијата, додека моќниот филмски продуцент Харви Вајстин е исфрлен во октомври 2017 година.