
ФОТО | Најголемиот секс-симбол на денешницата повторно сама: Сидни Свини ужива на сафари без нејзиниот свршеник
Сидни Свини неодамна отпатува на егзотична дестинација и уживаше во сафари со своите пријатели. Актерката замина на одмор среде гласините за нејзиното раскинување на свршувачката со филмскиот продуцент Џонатан Давино, без кого отиде на патувањето.
Препорачано
Имено Сидни сподели неколку фотографии и снимки на својот инстаграм-профил и покажа како си поминала на оваа авантура.
„Ова беше диво“, напиша таа покрај фотографиите.
На неколку фотографии Сидни позира во зелен мини фустан кој го искомбинирала со беж кошула. Актерката на сафарито носеше комбинации во неутрални бои, специфични за тој тип на патување.
Актерката покажала и колку уживала во возењето со автомобил, а снимила и стадо зебри, жирафи и слонови. Судејќи по фотографиите и видеата, таа и нејзините пријатели одлично се забавувале на патувањето. На едно од видеата се гледа како уживаат во пикник во природа.
View this post on Instagram
И додека таа објави неколку фотографии со своите пријатели, нејзиниот свршеник очигледно е дека не бил присутен на сафарито.
Инаку, неодамна се појавија гласини дека актерката и продуцентот ја откажале свршувачката по три години. Сидни дополнително ги подгреа гласините откако ги избриша сите фотографии со него од социјалните мрежи. Странските медиуми претходно објавија дека Свини престојува во хотел со пријателите и дека нејзиниот свршеник не ја посетил ниту еднаш во речиси еден месец. Дополнително, некои забележале дека таа не го носи свршеничкиот прстен.
Да потсетиме, Сидни и Џонатан требаше да се венчаат во мај, но минатиот месец беше откриено дека ја одложиле венчавката. Како причина тие ги наведоа зафатените распореди и бројните проекти на кои работи актерката. Двојката почна да се забавува во 2018 година, а по четири години врска, тие се свршија. Врската ја чува далеку од јавноста, а актерката годинава за првпат објави фотографија со Џинатан.