фото: kfsm.mk

ФОТО | Најдобрите македонски кошаркари тренираа во Талин

Македонската кошаркарска сениорска репрезентација ноќеска слета во Талин, а денеска напладне го одржа и првиот тренинг во арената „Унибет“.

Кошаркарите, предводени од селекторот Александар Јончевски и неговите стручни соработници Никола Велев и Александар Јованчев, ќе излезат на теренот во веќе распродадената арена утре, петок (21. февруари, 2025 година) во 19.00 часот.

Естонија ни е познат противник, познат ни е и теренот. Останува само уште победа со која ќе се „одржиме“ во игра за пласман за Евробаскет.

Во рамките од квалификациската група Х по седум бодови имаат Естонија и Литванија, а пет Македонија и Полска.

На 24 февруари Македонија ќе го игра последниот меч во квалификациите против Полска која заедно со Кипар, Финска и Летонија ќе го организираат следното Европско првенство од 27 август до 14 септември 2025 година.

фото: kfsm.mk
фото: kfsm.mk

Македонија ослабена во Талин: Против Естонија без Теодор Симиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот