Фото: Принтскрин/Валтер Биното

ФОТО | На небото над Јадранот се појави голем црвен прстен, научниците го објаснија феноменот

Над централна Италија и хрватскиот дел на Јадранот во ноќта на 27 март, беше забележан голем прстен со црвена светлина кој личел на сцена од научно-фантастични филмови, пишува „Национална географија“.

„Морничав прстен од црвено светло трепка како големо НЛО над Италија. Што беше тоа?“, гласи насловот на „Лајф саенс“ (Live Science).

Иако според тврдењата на сведоците оваа појава била краткотрајна, фотографот Валтер Биното успеал да направи фотографии, кои станаа вирални и покренаа еден куп теории. Сепак, набрзо се огласија научниците и објаснија за што се работи.


Феноменот е познат и како – емисија на светлина и многу ниски фреквентни нарушувања поради извори на електромагнетни импулси или скратено ЕЛВЕ (ELVE).

Дијаметарот на кругот во овој случај бил 360 километри, а претставува еден вид нарушување кое настанува во стратосферата или мезосферата поради интензивното електризирање на бурите со грмотевици. Со други зборови, кога електромагнетни импулси на молња ќе удрат во јоносферата на нашата планета во нејзините горни делови, се појавува црвена светлина.

Фотографијата можете да ја погледнете и на налогот на фотографот Валтер Биното.

За првпат се снимени во 1990 година, а причината за тоа лежи во тоа што најчесто се видливи само од вселената. Експертите тврдат дека неколку од нив биле снимени со сочивата на камерите на НАСА, но дека оваа ја претставува најдобрата слика од Земјата. И сето тоа благодарение на моќната бура што ја погоди Анкона и произведе моќни електрични ударни бранови.

Иако овој тип на „ореол“ е тешко да се долови, фотографот на природата Валтер Биното, на 27 март успеал да сними блескав круг на небото над градот Посањо во северна Италија.

Меѓутоа, црвениот прстен всушност не се наоѓал над градот. Наместо тоа, масивниот круг, со дијаметар од околу 360 километри, треперел над централна Италија и делови од Јадранското Море и Далмација. Само перспективата направила прстенот да изгледа како да виси над градот.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот