ФОТО | Mиовски не е само одличен голгетер, исполни и желба на детенце од трибините

Фото: Aberdeen Football Club

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски сезонава игра во одлична форма и на 36 натпревари во дресот на Абердин постигна 22 гола.

Последните два погодоци Миовски ги постигна во натпреварот од Купот на Шкотска против Бониринг Роуз. По натпреварот Миовски покажа и дека освен што е одличен голгетер е и голем човек.

Очекувано со формата во која игра Миовски стана миленик помеѓу фановите, па така едно детенце на трибините го побара дресот на македонскиот голгетер со транспарент на кој пишуваше.

„Миовски – најдобар во светот! Те молам ако може да го добијам твојот дрес, ти си мојот омилен фудбалер! СУИИИ-БМ9“.

Миовски по завршувањето на средбата ја исполни желбата на детенцето кое сигурно беше пресреќно. Инаку, во каква форма игра Миовски најдобро зборува изјавата на искусниот стратег на Абердин, Нил Ворнок.

„Верувале или не, му кажав да постигне неколку гола и да излезе на полувреме. Кога ги постигна головите си намигнавме и одлучивме дкеа е доволно. Миовски е еден врве напаѓач и тоа го докажува во секој натпревар. Низ кариерата сум имал многу проблеми со напаѓачите, иронично е што дури во оваа фаза го добив најдобриот напаѓач кој сум го тренирал“, изјави Ворнок

ВИДЕО: Бојан Миовски со два гола за Абердин и четвртфинале во шкотскиот Куп

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот