ФОТО | Малечок голем херој: Дете побегна само од Украина, со пасошот во кеса и телефонски број испишан на рака

Дете од Украина побегна во Словачка без придружба/Фото: Фејсбук

Словачката полиција на својот Фејсбук профил ја раскажа приказната за 11-годишно момче од Запорожје, кој, бегајќи од војната, поминал граница и во Словачка пристигнал без никаква придружба.

„Со една кеса, пасош, и телефонски број испишан на рака дојде потполно сам зошто родителите морале да останат во Украина, напиша словачката полиција на Фејсбук.

Волонтерите кои се погрижија за него, го однеле на топло и безбедно место и му обезбедиле храна и пијалокот кои му требаат за да го продолжи патот.

„Сите ги плени со својата насмевка, бестрашност и одлучност, достоен за вистински херој“, напишаа тие.

Роднините на момчето подоцна дошле по него и тоа благодарение на бројот испишан на неговата рака.

Словачката полиција соопшти дека во последните 24 часа примиле 14.202 лица на граничните премини на влез од Украина. Вкупниот број на примени лица кои влегуваат на граничните премини од украинската територија кај Словачка од избувнувањето на конфликтот до 06.00 часот денеска изнесува 128.170.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот