ФОТО | Кристина Агилера во непрепознатливо издание: Се чувствувам одлично

Instagram

Американската пејачка Кристина Агилера е фотографирана на одмор во Мајами, каде ужива со семејството.

Имено, 40-годишната пејачка која во 90-тите и раните 2000-ти години го уживаше врвот на својата кариера и беше идол на многу тинејџери низ светот, сега изгледа непрепознатливо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christina Aguilera (@xtina)

Агилера својата пејачка кариера ја започна откако беше прогласена за „глас на генерацијата“, а во текот на целата своја кариера ја споредуваа со Бритни Спирс, а не се знаеше во тоа време која пејачка е поубава и поуспешна. Но, денес, ситуацијата е многу поинаква.

Кристина пред неколку години се повлече од сцената со цел да се посвети на мајчинството и никогаш не успеа да си го врати „стариот сјај“.

Неодамнешните фотографии кои почнаа да кружат низ социјалните мрежи откако ѕвездата беше фотографирана на базен во Мајами во едноделен костим за капење многумина не можеа да ја препознаат.

Никогаш не би сакала да се вратам на времето кога имав дваесет години. Тогаш се чувствував толку несигурна“, неодамна изјави Кристина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christina Aguilera (@xtina)

Сега имам многу поголема самодоверба и свесна сум за себе. Надминав многу работи и се чувствувам одлично. Задоволна сум со моето „ново“ тело“, одговори Кристина на негативните коментари за нејзиниот изглед кои ја следат во последните десетина години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот