Криси Тајген и Џон Леџенд / Синтија Ериво и Аријана Гранде / Фото: Jonathan NACKSTRAND / AFP / Profimedia

ФОТО | Светските ѕвезди дефилираа пред Ајфеловата кула на отворањето на Олимписките игри

Пред отворањето на Олимписките игри во Париз синоќа бројни познати личности, меѓу кои и светски познати актери и музичари, се фотографираа пред Ајфеловата кула. Меѓу нив беа и Синтија Ериво и Аријана Гранде, кои дојдоа облечени во боите на костимите на нивните ликови во филмот „Wicked“. Првиот дел од адаптацијата на овој познат мјузикл би требало да излезе во кината во ноември.

Фото: Jonathan NACKSTRAND / AFP / Profimedia

Држејќи се за раце Гранде и Ериво позираа пред познатата кула, а дождот не им пречеше.

Фото: Christophe Petit Tesson / PA Images / Profimedia

Гранде за оваа пригода избра нежно розов фустан, ја врза долгата коса во пунџа, а како украс употреби розова лента. Од додадоците носеше елегантни ракавици и сè комплетираше со чевли на високи потпетици.

Музичарот Џон Леџенд, неговата сопруга Криси Тајген и нивните деца не пропуштија да позираат пред Ајфеловата кула. Џон за оваа пригода избра бела кошула и палто со златни копчиња. Криси исто така избра комбинација со слични копчиња, но имаше малку полежерно издание.

Фото Jonathan NACKSTRAND / AFP / Profimedia

Под зелениот џемпер таа шорцеви налик на гаќо со ист дизајн.

На отворањето пристигна и главната уредничка на „Вог“, Ана Винтур. Таа позираше со режисерот Баз Лурман пред Ајфеловата кула пред отворањето.

Фото: Jonathan NACKSTRAND / AFP / Profimedia

На отворањето фотографите го „уловија“ и популарниот француски актер Винсент Касел (57), кој дојде во придружба на својата 30 години помлада девојка Нара Баптиста.

Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON / POOL

Пред фотографите позираше и музичарот Фарел Вилијамс кој дојде во спортско издание. Носеше маица „Луј Витон“ со долги ракави, шорцеви и тениски чевли.

Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON / POOL

Макрон го навести настапот на Селин Дион на отворањето на Олимпијадата

Макрон го навести настапот на Селин Дион на отворањето на Олимпијадата

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот