
ФОТО | Кралицата Летиција носи чевли за кои некои сметаат дека се најшик, додека други не можат да ги поднесат: Овој модел им одолева на сите трендови
Шпанската кралица Летиција го претстави своето прво модно издание во 2024 година. Таа пред неколку дена се појави во Мадрид и најголемо внимание привлекоа нејзините чевли, безвременски модел, но и модел кој предизвикува целосно поделени коментари. Летиција покажа и докажа дека е вистински љубител на класиците во облеката, а познато е дека класиката никогаш не излегува од мода.
Препорачано

Палтото од твид што го носи кралицата Летиција им одолеа на променливите трендови, исто како и наједноставните црни панталони, таа ги избра оние кои допираат веднаш над глуждовите. Кројот е лежерен и суптилно ја следи линијата на телото, додека блејзерот е пострукиран, па вешто „контрира“.

Моделот на чевли со дискретна потпетица и ременче, исто така, припаѓа на модната класика, некои се одушевени од безвременскиот дизајн и од фактот што овој тип на обувки може да се носат во милион прилики. Од друга страна се оние кои ги сметаат овие чевли за застарени и прилично непривлечни.

Ваквите спротивставени коментари ги прават уште поинтересни, а Летиција дефинитивно знае како да ја истакне нивната најдобра страна, комбинирајќи ги со вистински стилски парчиња облека.
Ова е нејзино прво појавување во 2024 година, но и прво појавување откако нејзиниот поранешен зет Хаиме дел Бурго соопшти дека ќе објави книга во која ќе пишува за нивната наводна афера. Неговите изјави дека тој и Летиција биле во врска пред да се ожени со нејзината сестра и по нејзиниот брак со Фелипе Шести во 2004 година, предизвикаа голем скандал кој шпанската кралска палата официјално не го коментираше.
ФОТО | Никогаш не облекла толку краток фустан: Кралицата Летиција во мини здолниште
ФОТО | Шпанската кралица во Загреб: Луѓето не веруваат колку е поубава во живо
Скандал на шпанскиот двор: Поранешниот зет на кралицата Летиција тврди дека имале афера