Фолтин/Фото: А.Г.Џ
Фолтин/Фото: А.Г.Џ

ФОТО | Концертот на Фолтин вчера беше „Симултан бакнеж“ со публиката

Вчера вечер, во скопскиот локал Public Room, со почеток околу 22 часот, битолските момци, бендот „Фолтин“, направија концерт за мерак.

Публиката беше многубројна, едвај чекаше и уживаше во таа дива и несмасна љубов која само Бранко, пејачот на Фолтин и неговата екипа можат да ја донесат на сцена.

Фолтин/Фото: А.Г.Џ
Фолтин/Фото: А.Г.Џ

Бранислав Николов, фронтменот на „Фолтин“, за време на концертот им се заблагодари на сите присутни, кажувајќи дека „ по два месеци пауза од концерти, вечерта ќе биде за љубов и романса“.

Бранислав Николов/Фолтин/А,Г.Џ
Бранислав Николов/Фолтин/А,Г.Џ

Почетокот на концертот беше резервиран за постарите хитови на кои фановите веднаш реагираа, а покривот на Public Room ечеше од песните кои се нижеа како везилка од „проста и строга македонска песна“.  Се пееја „Ми се води љубов“, „Везилка“, „Симултан бакнеж“, „Недопрена“, „Елај си в кревет“, а на крајот на концертот, Бранко изненади со лиричната, џез варијанта на една од најпознатите песни на Тома Здравковиќ, „Како да те туго моја“, во микс со познатата Битлсова „Eleanor Rugby“.

Фолтин/Фото: А.Г.Џ
Фолтин/Фото: А.Г.Џ

Навистина, концертот беше симултан бакнеж низ музика и многу љубов низ етерот.

Фолтин/Фото: А.Г.Џ
Фолтин/Фото: А.Г.Џ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот