Фото: Принтскрин/Јутјуб

ФОТО | Ќерката на Снежана Савиќ се срамела од разголените сцени на мајка си: Еве што работи и како изгледа

Анита Лазиќ, ќерка на легендарната српска актерка Снежана Савиќ и режисерот Драгослав Лазиќ, се испроба во актерството, па глумеше во сериите „Селани“ и „Ѕвездара“.

Анита Лазиќ дипломирала на Факултетот за политички науки, а очигледно е дека убавината ја наследила од мајка си.

Сепак, нивниот идиличен однос еднаш бил доведен во прашање, кога Анита била тинејџерка, а Снежана била на самиот врв на кариерата и популарноста.

– Многу ми пречеше тоа што мајка ми се соблекуваше пред камерите, па поради тоа често не можев да одам на училиште – истакнала Анита во едно гостување во емисија.

Анита му се вратила на новинарството и сега е уредничка на едно списание.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Инаку, поранешниот сопруг на Снежана Савиќ, режисерот Драгослав Лазиќ (86), со кој ја има ќерката Анита, на 76 години стана татко на близнаци.

Драгослав се ожени со 32 години помладата актерка Драгана Туркаљ и со неа на 76 години ги доби близнаците, ќерката Искра и синот Лазар.

Да потсетиме, Снежана Савиќ во една прилика откри што мисли за естетските зафати.

– Најстрашно е тоа кога убава жена не знае кога треба да остари, туку секогаш флертува и заведува. Од тоа секогаш се плашев и се прашував да не бидам таква… Некако секогаш ме гледаа низ мојата убавина. Сега сум стара – истакнала неодамна Снежана Савиќ за „Блиц“.

– Убаво е човек да е убав, но не е суштината во тоа. Можеш да бидеш убав два-три дена и ако немаш што да понудиш, тоа не оди. Сега убавината е издигната на пиедестал, како што и идеалот за убавина е поинаков. Полна уста, голем задник, подигнати гради, но и тоа е убаво. Уште ако постои нешто внатре и тоа е убаво. Денес стандардите се различни. Низ времето, идеалите за убавина се променија. Сега разбирам дека девојките кои го прават тоа се убави. Ние мора да го прифатиме тоа, ги разбирам дури и мажите на кои им се допаѓа тоа. Сакаат нивната жена да изгледа добро и ѝ плаќаат за она што им одговара: гради или задник. За сето тоа е потребно време и јас го прифаќам тоа и не сакам да бидам старомодна баба. Сакам природно, но прифаќам различни идеали за убавина. Убавината е во окото на гледачот – додала по тој повод актерката која наскоро ќе наполни 71 година.

ФОТО | Наследничката на Снежана Савиќ е успешна уредничка и актерка: Каде и да се појави, сите ја споредуваат со нејзината славна мајка

Снежана Савиќ за стандардите за убавина и стареењето: Не сакам да бидам старомодна баба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот