Фото: Инстаграм

ФОТО | Ќерката на Моника Белучи ги засени сите на ревијата, но зад пистата доживеа вистински пех

Дева Касел од почетокот на кариерата тргна по стапките на мајка си и почна да се занимава со манекенство. Со неполни 18 оваа години оваа убавица веќе успеа да се појави на насловните страници на „Вог“, „Ел“ и „Харперс базар“. Покрај тоа, ќерката на актерите и поранешни сопружници Винсент Касел и Моника Белучи стана едно од заштитните лица на брендот „Долче и Габана“, сними кампања за еден од нивните понови парфеми на езерото Комо во Италија.

моника белучи, дева касел
фото: инстаграм

На неодамна одржаната спектакуларна ревија на модната куќа „Долче и Габана“ на Сицилија, токму Дева беше главната ѕвезда во морето познати личности кои присуствуваа на настанот. Манекенката прошета по пистата во проѕирен фустан од тантела со црни прерамки. Нејзиниот аутфит беше комплетиран со заводливи проѕирни ракавици од црн тул и сатенски балетанки. Густите црни кадрици и паѓаа преку рамениците, па изгледаше како самовила, а многумина велат дека неодоливо потсетува на својата мајка кога ја започнала кариерата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deva Cassel (@d.casseluxxi)


Токму таа, Моника Белучи, од првиот ред ја бодреше својата наследничка и зрачеше со гордост и среќа. Сепак, она што најмногу ја воодушеви светската јавност е фактот дека Дева Касел со само 17 години е вистински професионалец.


Имено, манекенката се онесвестила откако се симнала од пистата, а тоа се случило поради високите жештини на денот на ревијата, па многумина можеле само да насетат што се случува зад завесите кога настала мешаницата. Меѓутоа, додека Дева чекорела по пистата, никој не можел ни да претпостави дека не се чувствува добро, а медиумите заклучиле дека сериозноста на задачата ги надминала нејзините млади години.

ФОТО | Ќерката на Моника Белучи го воодушеви светот со својата убавина: Пошармантна од својата славна мајка

ФОТО | Ќерката на Моника Белучи го воодушеви светот со својата убавина: Пошармантна од својата славна мајка

ФОТО | Диетата на најубавата жена на светот: Моника Белучи изгледа заносно благодарение на ова седумдневно мени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот