ФОТО: Ќерката на Кристина Агилера го прослави својот 7 – ми роденден
40-годишната пејачка Кристина Агилера оваа недела го прослави седмиот роденден на својата ќерка Самер Рејн, која ја доби со својот вереник, гитаристот Метју Рутлер.
Таа објави симпатична фотографија заедно со малата Самер на својот инстаграм – профил.
„Славевме цела недела. Среќен седми роденден на мојот сладок, смешен, креативен, животен дух. Времето брзо минува, но горда сум на личноста во која растеш“, напиша пејачката во описот на фотографија.
View this post on Instagram
Минатиот месец, пејачката за списанието „People“ откри дали ќе зачува посебно место на црвениот тепих за нејзината ќерка.
„Можеби“, рече таа низ смеа. „Таа е многу интересна. Ги минува сите фази од животот, но не е тип кој сака гужва и излегување од удобната зона“, истакнала Агилера.
View this post on Instagram
Покра Самер Рејн, Агилера е и мајка на 13-годишниот Макс Лирон Братман.