ФОТО | Кинезите си направиле свој Париз: Имаат Ајфелова кула, Шанзелизе и европска архитектура

Фото: STR / AFP / Profimedia

Реплика на италијанската Венеција, американската Бела куќа, па дури и германскиот замок Нојшванштајн, кој послужи како инспирација за цртаните филмови на Дизни… Сето ова може да се најде во Кина, земја чија фасцинација со западот и западната архитектура веќе е добро познат.

Оваа земја со импресивна култура и богата историја нуди неверојатни природни убавини, традиционална храна, футуристички градови, разновидна култура и традиција, но и верни имитации на некои од најпознатите европски градови и архитектонски скапоцени камења. Еден од најнеобичните потфати од овој вид е секако градот Тиандученг. Овој кинески „лажен Париз“ е верна, само намалена реплика на француската престолнина.

Фото: Инстаграм/ Revista Travesías

Градот Тиандученг ја има Ајфеловата кула, познатата авенија Шанзелизе, фонтана и луксембуршките градини, живописни француски згради, улици и барови… И покрај тоа што е верна имитација на еден од најпознатите и најубавите градови во светот, долго време му недостигале луѓе. Изградбата започнала во 2007 година, а првично бил дизајниран за околу 10.000 жители. Во првите неколку години, само околу 2.000 жители решиле да се вселат во „лажниот Париз“.

Странските медиуми го исмеваа, нарекувајќи го „град на духови“, но кога веста за тоа се прошири низ светот, изгледа дека Кинезите повеќе се заинтересираа. Според некои извори, сега има околу 30.000 жители кои живеат во кинески Париз, а градот веќе неколку пати е проширен.

Фото: Инстаграм/ Revista Travesías

Градот Тиандученг се наоѓа среде рурален пејзаж, отсечен од урбаните врски или јавниот превоз, па во раните години главно служел како фото-заднина за кинеските младенци. „Париските бистроа“ беа само заднини, а „продавниците за луксузна облека“ беа празни. Во меѓувреме, градот се прошири, во него се отворија одредени деловни можности, а во 2022 година конечно доби јавен превоз.

Градот се наоѓа во провинцијата Жеџијанг и е на околу два часа возење од Шангај. Централно место е Ајфеловата кула, три пати помала од париската, покрај која има уредена ливада, парк…

Фото: Инстаграм/ Revista Travesías
Фото: Инстаграм/ Revista Travesías

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот