Фото: Инстаграм

ФОТО | Катерина Мурино гламурозна на црвениот тепих во Венеција: Носеше фустан тежок 10 килограми

Вчеравечер се случи свеченото отворање на јубилејното 80. издание на престижниот филмски фестивал во Венеција, кој ќе трае од 30 август до 9 септември годинава.

Кума на овогодинашната Мостра, е познатата италијанска актерка Катерина Мурино. Поранешната Бонд-девојка, беше една од првите кои пристигнаа на црвениот тепих на премиерата на филмот „Comandante“.

Фото: Italy Photo Press / Zuma Press / Profimedia

Таа блесна во класичен, но раскошен, црвен фустан. Атрактивната 45-годишна актерка за првата вечер на филмскиот фестивал во Венеција, избра креација со потпис на брендот „Армани“ од колекцијата на висока мода.

Катерина воодушеви со својот класичен, но неверојатно гламурозен изглед. Црвената боја навистина ѝ прилега на оваа дама и го истакнува нејзиниот сензибилитет.

Фото; Instagram/ Caterina Murino Official

Модната креација е со едноставна форма, ги открива рамената, а се шири од половината до подот во А-крој. Иако не изгледа така, ова ремек-дело на модната куќа „Армани“ тежи дури 10 килограми.

Овој црвен фустан, актерката го комбинирала со златно ланче во форма на змија, златни обетки и алка.

Фото: Instagram/ Caterina Murino Official

Инаку, Катерина беше Мис на Италија во 2006 година, а истата година глумеше во улогата на Бонд девојка, во филмот „Casino Royale“, првиот во кој Даниел Крег ја презеде улогата на познатиот агент.

Моментално живее и работи во Париз со партнерот и нивниот син, а не само што е ѕвезда во Европа, туку и во Кина и Боливуд.

Почна филмскиот фестивал во Венеција, на кој премиерно ќе биде прикажан и филмот „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски

ФОТО | Сите очи вперени во адвокатката: Амал Клуни го донесе целиот гламур во Венеција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот