Фото: Принтскрин/ Инстаграм/Јелена Карлеуша

ФОТО | Карлеуша се најде среде солунскиот маратон, на себе има 58.000 долари!

Српската пејачка Јелена Карлеуша имала настап пред голем број обожаватели во еден клуб во Паралија, Грција, па од Солун каде што била сместена, се упатила кон аеродромот за што поскоро да се врати во Белград. Инаку, пејачката деновиве речиси не излегува од студиото каде го привршува својот нов проект кој наскоро ќе ја види светлината на денот.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Меѓутоа, иако брзала навреме да стигне до аеродромот, Карлеуша се нашла среде маратон кој во тој момент се случувал на солунските улици. Она што го привлекло вниманието бил нејзиниот стајлинг.

Позната како некој што обожава скапи аксесоари, Јелена и овојпат се надминала себеси, па на улиците во Солун на себе имала две чанти од луксузниот бренд „Ермес“, и тоа најпознатите модели „Биркин“ и „Кели“ од чии цени ќе ви се заврти во главата.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/Јелена Карлеуша

Имено, цената на моделот „Кели“, кој во моментот е секаде распродаден и на него се чека и по неколку години, може да се најде на сајтовите за препродажба и за неверојатни 38.545 долари, додека познатата чанта „Биркин“ е нешто поевтина – „само“ 19.375 долари. Тоа значи дека Карлеуша само во чантите имала речиси 58.000 долари.

Покрај чантата, ЈК со себе имала и куфер и очила од модниот бренд „Луј Витон“ во вредност од 3.000 долари, односно 700 долари, што е 3.700 долари.

Кога сѐ ќе се собере, доаѓаме до вкупна бројка од дури 61.620 долари што таа ги дала само за додатоците со кои отишла на аеродром.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/Јелена Карлеуша

Да потсетиме, Јелена неодамна во Дубаи потроши 11.000 евра на ракавици и боди од модниот бренд „Долче и Габана“ и тоа само за еден ден, па ни ова модно издание на поп дивата не треба да нѐ чуди.

ФОТО | „Работев шест години без динар“: Карлеуша и Саша Поповиќ во кавга за „Ѕвездите на Гранд“

ВИДЕО | Новогодишна бајка: Ѕирнете во украсениот дом на Јелена Карлеуша

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот