ФОТО | Јосипа Лисац имала интересна средба пред вечерашниот концерт во Скопје

Фото: Инстаграм/Јосипа Лисац

Пејачката Јосипа Лисац, која важи за легенда на хрватската музика, вечерва ќе настапи пред македонската публика во Македонската филхармонија.

Овој концерт е дел од нејзината регионална турнеја, по повод педесетгодишнината од нејзиниот студиски албум „Дневник једне љубави“ (1973).

Лисац и нејзината придружна група утрово пристигнаа во Скопје, а на пат кон нашата метропола таа имала интересна средба со членови на Ветеранскиот ватерполо клуб „Магла“ од Сплит, кои исто така патувале кон Скопје.

„Оваа средба е прекрасен пример како уметноста може да се поврзе со различни аспекти од животот. Нека музиката и спортот секогаш останат инспирација за единство“, пишува на официјалниот профил на Јосипа Лисац.

Фото: Инстаграм/Јосипа Лисац

Тимот на Јосипа Лисац им посака среќа на ватерполистите, кои ќе учествуваат на третиот меѓународен мастерс турнир во ватерполо, кој се одржува денес и утре во базенот на спортската сала „Борис Трајковски“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот