Фото: Профимедиа/Инстаграм

ФОТО | „Христос воскресе“: Сопругата на Том Хенкс го честиташе Велигден, по венчавката со неа и актерот премина во православна вера

Сопругата на Том Хенкс, Рита Вилсон, денеска на Инстаграм со традиционална честитка го честиташе најрадосниот христијански празник Велигден.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

„Христос воскресна, навистина воскресна! Уште една прекрасна страсна седмица во православието“, напишала Рита Вилсон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rita Wilson (@ritawilson)


Мајката на Рита Вилсон, Доротеа Цигку, е по потекло од Грција, а пораснала во местото Сотира во близина на албанската и грчката граница. Таткото на актерката, Хасан Халилов Ибрахиоф, бил муслиман од Бугарија, кој се преселил во Америка во 1949 година. Откако се оженил со Доротеа, тој преминал православието и го променил своето име во Алан Вилсон.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Рита Вилсон е воспитана во духот на православието, односно во духот на грчката православна црква. Нејзиниот сопруг Том Хенкс ја прифатил православната вера откако се оженил со неа, а неговиот лик на Виктор Наворски во филмот „The Terminal“ е заснован на карактерот на неговиот свекор.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Рита велигденската честитка ја напишала и на грчки и на англиски јазик.

Холивуд и денес го слави Божиќ: Светски sвезди кои се православни

Фотографијата од венчавката на Том Хенкс и Рита Вилсон предизвика бројни симпатии и честитки

ВИДЕО | Обожавателите загрижени: Том Хенкс не можел да го смири тресењето на раката додека го држел микрофонот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот