Instagram

ФОТО | Хотел од соништата, цена од ноќните мори – Џеф Безос и Лорин Санчез ќе платат дури 11.600 долари за една ноќ во Венеција

Милијардерот Џеф Безос се подготвува да ѝ го каже судбоносното „да“ на својата свршеница Лорен Санчез. Двојката е видена неколку пати како ужива во топлите летни ноќи во Италија, па затоа беше очекувано дека ќе посакаат романтична свадба токму во оваа земја.

Сè уште не е откриено каде точно ќе се одржи венчавката, но затоа е познат хотелот каде што ќе престојуваат идните младенци, а нема да верувате колку чини само една ноќ во овој хотел.

Profimedia

Безос наводно обезбедил соба во хотелот „Aman Venice“, еден од најлуксузните во Венеција.

Цената за една ноќ во овој луксузен хотел чини неверојатни 11.600 долари.

Извор од Италија за „The U.S. Sun“ изјавил:

„Џеф и Лорен го резервираа најголемиот апартман во хотелот, и тоа е главна тема на хотелот. Собата е спектакуларна и дури има пристап до тераса на покривот со поглед на градот. Свадбата ќе биде огромен настан, а се вели дека и Кардашијан ќе бидат гостинки во хотелот, заедно со други познати личности.“

instagram 

Извор од Италија изјави за „The U.S. Sun“: „Џеф и Лорен го резервираа апартманот во Гранд Канал, најголемиот што го има хотелот, и тоа е главната тема на хотелот. Собата е спектакуларна и дури има пристап до тераса на покривот со поглед на градот. Свадбата ќе биде огромен настан, а се вели дека Кардашијан се гости на хотелот, заедно со други познати личности.“

Хотелите „Аман“ се познати меѓу елитата како дискретен луксуз, над нивото на синџирите како „Фор Сизонс“ или „Белмонд“.

 

 

 

Instagram

Истовремено раскошен и суптилно луксузен

Според официјалната веб-страница на хотелот, апартманот од околу 97 квадратни метри им нуди на паровите елегантно и модерно засолниште. Има спална соба со кревет со големина „кинг сајз“ и посебна дневна соба, секоја со различен поглед. Не е јасно дали апартманот бил резервиран за Лорен за ноќта пред венчавката или тоа е местото каде што двојката ќе престојува по церемонијата.

Џеф Безос има и мегајахта за околу 200 гости, додека точната локација на венчавката сè уште не е потврдена. Портпаролот на градоначалникот на Венеција, Лука Зуин, изјави за медиумите дека тридневната прослава ќе трае од 24 до 26 јуни.

 

Instagram

„Хотелот датира од 16 век и е прекрасно зачуван и реставриран. Секој детаљ е внимателно осмислен – од влезот со приватно обезбедување (каде што ќе заѕвоните на капјата или ќе пристигнете со приватен брод), до услугата и персоналот. Дизајнот е воодушевувачки, го комбинира класичниот венецијански стил со елементи од југоисточните азиски корени во градината. Кога ќе се качите по главните скали, ќе видите колку е раскошно сè – речиси постои доза на мистерија.“

„Навистина сè е на највисоко ниво, а Џеф и Лорен ќе имаат ден од соништата“, додал изворот.

Instagram
Instagram

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aman Venice (@aman_venice)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот