Фото: Принтскрин / Инстаграм

ФОТО | „Го направив на мој начин“: Драгана Мирковиќ доби јасна порака од Тони Бијелиќ

Вревата за разводот на пејачката Драгана Мирковиќ и бизнисменот Тони Бијелиќ сè уште не стивнува. Неодамна, пејачката преку објава на социјалните мрежи ѝ откри на јавноста дека поднела барање за развод од нејзиниот сопруг.

Како што пренесуваат српските медиуми, Драгана останала да живее со децата во замокот во Виена, додека Тони купил имот во Хрватска. Беше објавено и дека бизнисменот веќе извесно време е во врска со 15 години помлада девојка.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Пред неколку дена Бијелиќ на својата инстаграм сподели фотографија на која се гледа дека се наоѓа во Виена. Како што пренесе „Нова.рс“, Тони дошол да ја моли Драгана да се откаже од разводот, но таа не прифатила.

Тони сега повторно се огласи на Инстаграм и објави фотографии од прекрасниот замок, но она што привлече посебно внимание е песната која свири во позадина.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Имено, се работи за стихови од песната „My Way“ во изведба Елвис Присли.

„Се соочив со тоа и застанав исправено…го направив тоа на мој начин… Сакав, се смеев и плачев“, е дел од песната што ја објави Тони.

Нови детали за разводот на Драгана Мирковиќ: Три години не живеат заедно, а нејзиниот сопруг веќе има нова девојка во Германија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот