Фото: Profimedia / Instagram

ФОТО | Гламур на првиот ден од „свадбата на векот“: Ким Кардашијан во змиско, девојката на Дикаприо со длабоко деколте

Свадбениот викенд на Џеф Безос и Лорен Санчез во Венеција официјално започна – и тоа со стил. Двојката подготви гламурозна пица-забава за добредојде за своите познати гости во четвртокот, 26 јуни, а сè се случи во близина на едно од најпознатите историски места во градот, манастирот Мадона дел’Орто – што значи „Мадона на градината“.

Фотографите ги фатија младенците и гостите пред хотелот како се упатуваат кон гала забавата со која започнаа свеченостите.

Лорен Санчез за пригодата избра златен фустан со отворени рамена, корсетиран струк и богат барокен вез од „Скијапарели“. Нејзината коса беше собрана со неколку пуштени прамени, со што го надополни гламурозниот изглед. Безос се појави во класичен црн костум, бела кошула и авијаторски очила за сонце.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HOLA! USA (@holausa)

Иванка Трамп и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер беа меѓу првите што пристигнаа во Венеција. А, останатите гости кои пристигнаа со бродчињата беа Ким и Клое Кардашијан, Кендал и Кајли Џенер, Том Брејди, Орландо Блум, Крис Џенер и нејзиниот партнер Кори Гембл. Поканети беа и Леонардо Дикаприо со девојката Виторија Черети, како и Опра Винфри и нејзината пријателка Гејл Кинг.

Ќерката на Доналд Трамп, Иванка, беше облечена во коктел фустанот од Оскар де ла Рента со прекрасен розово-бел дизајн.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivanka Trump (@ivankatrump)

Крис Џенер и нејзиното момче Кори Гембл беа модно ускладени во црни комбинации. Атрактивната Ким Кардашијан носеше тесен фустан со змиски принт, додека Клои Кардашијан се појави во црна тесен фустан. Помладите сестри од семејството Кардашијан-Џенер ги истакнаа своите фигури, Кендал во цветен фустан, а Кајли во златна чипкаста комбинација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by IT GIRL (@itgirl)

Леонардо Дикаприо го напушти хотелот „Грити Палас“ во неговиот препознатлив стил – црн костум и капа, додека неговата девојка, згодната Виторија Черети беше видена во сив фустан со набори и длабоко деколте.

Опра Винфри и Гејл Кинг се појавија заедно на забавата – Опра во фустан со виолетово-бел дезен, а Гејл во долг фустан со дезен на синџир во златна боја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ria & Fran (@chicksintheoffice)

Орландо Блум, кој дојде сам во Венеција среде гласините за разделбата од Кети Пери, носеше кремаста кошула и жолтеникави панталони, а Том Брејди носеше бела кошула и црни панталони и имаше кафеава јакна префрлена преку раката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by VITTORIA CERETTI (@vittoriacerettti)

Меѓу другите присутни беа дизајнерот Томи Хилфигер и неговата сопруга Ди Оклепо Хилфигер.

Со оглед на гламурозниот список на гости, многумина беа изненадени од јадењето што им го послужиja Безос  и Санчез – пица.

Пицата ја подготвил на лице место неаполски пицајоло, а со ова Безос наводно сакал да оддаде почит на земјата каде што се одржува свадбата, но и да покаже дека понекогаш едноставноста е најдобра. Наместо екстравагантни деликатеси, прославата започна со основни, но врвни состојки: свежо тесто, огромна топка моцарела, многу маслиново масло и домати.

ФОТО+ВИДЕО | Иванка Трамп и нејзиното семејство пристигнаа во Венеција за свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот